Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска го прими Претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.
Од Кабинетот на Иванов информираат дека двајцата соговорници оцениле дека двете држави ги карактеризираат традиционално пријателски односи и идентични ставови во однос на унапредување на меѓународната и соработката во регионалните иницијативи.
Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателот, соговорниците размениле информации за претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони чиј домаќин ќе биде Република Македонија. Македонскиот претседател изразил задоволство од унапредувањето на договорната состојба меѓу двете држави и го поздрави потпишувањето на Спогодбата за патување на граѓаните од двете земји со биометриски лични карти.