473
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов е во дводневна посета на руската престолнина Москва.
Од претседателскиот кабинет соопштија дека Иванов денес ќе оствари средби со Патријархот на Руската православна црква, Кирил, а воедно ќе присуствува и на Божествената литургија во храмот „Христос Спасител“ во Москва.
Утре, пак, македонскиот претседател ќе се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин.