Иванов на папата му подари резбан албум

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов за време на денешна средба во вилата на Водно на папата Франциск му подари резбан албум со авторски фотографии од христијанското културно-историското наследство на земјава.

-Станува збор за албум со авторски фотографии, избрани лично од претседателот Иванов, а врз основа на концепт на релевентни македонски експерти од областа на духовното и културно-историското наследство на Македонија. Фотографиите се укоричени во резба изработена од охридски копаничар. Албумот содржи 153 фотографии низ кои е претставен дел од милениумската христијанска историја, традиција и уметност во Македонија. Меѓу нив има ранохристијански мозаици и базилики, средновековни цркви, фрески, икони и ракописи, како и резбани иконостаси од македонските манастири, соопшти кабинетот на Иванов.

 

Поврзани новости