Македонскиот претседател Ѓорге Иванов вечерва телефонски му ја честитал победата на неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган на предвремените претседателски и парламентарни избори во Турција, соопштија од претседателскиот кабинет.
„Во телефонскиот разговор беа разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји, при што претседателот Иванов се заблагодари за сета досегашна поддршка од Република Турција и изрази уверување дека и во наредниот период ќе продолжи силното пријателство и соработката меѓу двете земји“, му рекол Иванов на Ердоган.
Инаку, Ердоган победи уште во првиот круг на претседателските избори, освојувајќи над 50 отсто од гласовите, а неговата партија, спроед сосега преброените ливчиња, води на парламентарните избори.