398
Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов, преку својот Фејсбук профил упати честитка за празникот Илинден.
Тој порача дека Македонија не е личен имот, кој некој ќе го распродава и присвојува.
„Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста.
Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности. Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава.
Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува. Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал. Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.
Честит Илинден.
Вечна Македонија“, напиша Иванов во својата честитка.