488
Средбата на шефот на државата Горѓе Иванов и лидерот на СДСМ Зоран Заев во претседателската вила на Водно – најверојатно ќе се случи следната недела, дознава Телевизија 24.
Информацијата засега официјално никој не ја потврдува. Сепак, изворите на 24 велат дека до петок средба не може да се очекува.
Во меѓувреме од Кабинетот на шефот на државата потврдија дека вчера го добиле новото писмо од претседателот на Собранието, Талат Џафери, испратено откако неговиот избор беше официјализиран во Службен весник.