Иванов ќе се консултира со Уставниот суд кому да го додели мандатот

by fokus

Ѓорге Иванов денеска ќе оствари средба со претседателот на Уставен суд, Никола Ивановски, со цел да се консултира за доделувањето на мандатот, соопштија од претседателскиот Кабинет.

Кабинетот извести и дека македонскиот претседател вчера остварил средба со амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската унија во Република Македонија, на која се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата, при што амбасадорот Жбогар ги пренел ставовите на Европската унија во врска со ова прашање.

Поврзани новости