1.3K
Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов преку социјалните мрежи упати честитка по повод денешниот празник Илинден.
„„Ќе не има ли тогаш кога ќе не нема – ако не немаше токму тогаш кога требаше да не има?“
Гане Тодоровски
Историјата ќе суди за тие што го следеле патот, го исполнувале заветот и не се откажувале од светлината на Илинден, светлина која многумина се обидувале да ја попречат за да не стигне до идните поколенија.
За многу години Илинден! Нека ни е вековита слободата, независноста и сувереноста! Да живее Република Македонија!“, напиша Иванов.