Иванов ја предупреди Владата да не го жртвува идентитетот

by fokus

Во своето обраќање по повод Денот на Републиката, претседателот на државата, Ѓорге Иванов, зборуваше за македонството, за националниот идентитет и за иднината на земјата. Тој ја предупреди Владата да не го жртвува идентитетот и ја обвини меѓународната заедница дека направила неправда кон Македонија.

„Поради нашиот македонски идентитет нам ни се оспорува правото на просперитет. За да создаваме услови за просперитет во нашиот глобализиран свет, неопходно е да бидеме дел од Европската Унија и НАТО. Токму членството до сега требаше да ни овозможи конечно да ја достигнеме целата слобода. Но, на тој пат, ние, како држава сме уценети. А цената е висока, премногу висока“, рече македонскиот претседател.

 

Членството во Европската Унија и НАТО, вели Иванов, неминово бара жртва. Но, за секоја жртва е потребен широк национален и државен консензус.

„Да внимаваме да не го жртвуваме она за што нашите предци се жртвувале. Да не го жртвуваме идентитетот, порача шефот на државата“, додаде тој.

Пред обраќањето, претседателот Иванов положи цвеќе пред споменикот на Ченто, а Воениот оркестар ја инторираше македонската химна.

По повод Илинден, претпладнево Иванов положи цвеќе и пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев.

Поврзани новости