Иванов ја предлага професорката Иванка Додовска за член во Националиот совет за евроинтеграции

by Fokus

Универзитетската професорка Иванка Додовска, сопруга на советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Додовски и поранешен претседател на ВМРО-Народна патрија е предлогот на претседателот на државата Ѓорге Иванов за член на Националниот совет за евроинтеграции, пренесува Макфакс. Додовска веќе неколку години редовно ги брани политиките на опозициската ДПМНЕ.

Од друга страна, Македонската академија на науките и уметностите за член во ова тело го предложила академик Луан Старова, додека од Кабинетот на претседателот на Владата предлог е Бојан Маричиќ. 

Предлог-одлуката за изменување на одлуката за именување претседател, потпретседател, членови и заменик-членови на Националниот совет за евроинтеграции е ставена како седма точка на дневен ред на собраниската седница закажана за 4 септември.

 

Поврзани новости