Иванов и Мета загрижени за здравјето на Темелко: Во притворот му е влошено здравјето, дали ќе може да го преживее судскиот процес

by Fokus

На денешната средба меѓу Ѓорѓе Иванов и претседателот на Албанија, Илир Мета станало збор и за градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко кој се наоѓа во притвор во Македонија.

Иванов притоа посочи дека пренел и до Владата дека здравствената состојба на Темелко е нарушена и дека се доведува во прашање, како што рече, дали ќе може да го преживее овој судски процес. И албанскиот претседател Мета ја искажа загриженоста бидејќи, како што рече, сепак станува збор за државјанин на Албанија.

– Секој државјанин треба да ги почитува законите на државата чиј државјанин е. Во случајот со Темелко е што тој има државјанство и на Република Македонија и на Република Албанија. Ја искажав мојата загриженост и на оваа средба и на средбата порано со Џафери. Се работи за јавна личност, за градоначалник на општина, но и за лице кое има лоша здравствена состојба – рече Мета.

 

Поврзани новости