422
Шефот на државата, Ѓорге Иванов и новиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествуваат на состанокот на лидерите од Брдо-Бриони Процесот, што ќе се одржи во Брдо кај Крањ, Република Словенија.
Иванов, спред најавите од неговиот кабинет, ќе се oбрати на пленарната сесија на состанокот, а ќе одржи и повеќе билатерални средби.
-Се очекува на состанокот на лидерите од Брдо – Бриони процесот да бидат опфатени клучните теми и аспекти во контекст на интеграцијата на регионот во Европската унија и да бидат разменети мислења и информации за актуелните состојби и предизвици во регионот на југоисточна Европа – се вели во соопштението од кабинетот.