587
Претседателот Ѓорѓе Иванов денеска ќе го посети Министерството за внатрешни работи и ќе се сретне со министерот Митко Чавков.
На средбата ќе присуствуваат и директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горанчо Савовски и Љупчо Андоновски.
Претседателот Иванов, како што е предвидено, заедно со министерот Чавков и со потесниот колегиум, ќе одржи состаноци со колегиумите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање, а подоцна треба да излезат и со изјава за медиумите.