Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не присуствуваше на одбележувањето на Денот на храброста и бугарската армија на бугарските гробишта во Ново село, меѓутоа тој го пречекал бугарскиот колега Румен Радев кај фудбалското игралиште, по што заминал во Дојран, каде двајцата државници имаат средба.
-Активните дејствија за зближување и засилување на соработката меѓу нашите држави се подобруваат од двете страни на границата и тоа е најсилниот сигнал дека одиме во вистинскиот правец. Високо ја ценам подготвеноста на Македонија за одржување на бугарските воени гробишта. Бугарија е подготвена за сестрана материјална и експертска помош на Македонија – Радев во Ново Село.
На овој настан присуствуваше и европратенико Андреј Ковачев, кој му порача на Радев да му пренесе на Иванов дека тажно што не нашол сила да присуствува на настанот, но Ковачев истатата порака ја имаше и кон бугарската црква, која немаше свои претставници како македонската црква.