399
Од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов велат дека го повикале лидерот на СДСМ Зоран Заев да присуствува на седницата на Советот за безбедност, почитувајќи му ја пресумпцијата на невиност, со оглед дека против него е само покренато обвинение за случајот „Пуч“.
„Заев, согласно деловникот за работа на Советот за безбедност, потпиша изјава која го обврза да не изнесува какви било информации од одржаната седница“, велат од кабинетот на Иванов.