Иванов: Договорот мора да се исполнува

by Фокус

Роковите течат и договорот мора да се исполнува, изјави денеска претседателот Ѓорге Иванов.

– Со внимание ги следам сите настани околу исполнувањата на политичкиот договор кој беше договорен од лидерите на најголемите политички партии и се надевам дека се ќе оди како што е предвидено и дека утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан е само потврда дека стоиме до она што е договорено, за да можат сите политички актери да бидат одговорни за сето она што го презеле и да го реализираат – рече Иванов.

Инаку, претставниците на политичките партии веќе ги договориле целокупните измени на Изборниот законик, кои утре треба да влезат во собраниска процедура и да се усвојат по кратка постапка. Така, Државната изборна комисија од 9 членови ќе одлучува главно со апсолутно мнозинство, избирачкиот список ќе се прочистува со вкрстена проверка на податоците од повеќе институции, како и преку теренски проверки, додека дијаспората ќе има можност да избере тројца пратеници во една изборна единица. По ова, следува изборот на персоналните решенија во новата влада, во која треба да влезе и опозицијата.

Поврзани новости