410
Претседателот Ѓорге Иванов попладнево во Скопје се сретна со посредникот на Обединетите нации за името, Метју Нимиц.
Како што соопшто претседателскиот кабинет по средбата, Иванов му наглаисл на Нимиц дека во процесот неопходно е стриктно придржување до резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг.
Иванов нагласил дека мора да се почитува меѓународното право и да се има доследност кон меѓународно преземените обврски. Утре наутро Нимиц ќе се сретне и со премиерот Заев.