Иванов до Бејли: Потребна ни е поддршка за членството во НАТО

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид оствари средба со американскиот амбасадор Џес Бејли. На средбата се разговарало за развојот на билатералните односи меѓу Македонија и САД, за состојбите во врска со европската и евроатлантската перспектива на земјата, како и генерално за состојбите во регионот на Југоисточна Европа, соопштуваат од кабинетот на Иванов.

Преседателот Иванов истакнал дека е неопходно да се создаде нов поттик и дополнителен импулс за членството на Македонија во НАТО.

„Претседателот Иванов изрази очекување дека ќе продолжи американската поддршка и ангажман во однос на надворешно политичките цели и приоритети на Република Македонија – интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, унапредувањето на добрососедските односи и продлабочувањето на регионалната соработка“, се вели во соопштението.

Поврзани новости