Од кабинетот на Ѓорге Иванов за А1он рекоа дека не знаат да кажат кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе го врати мандатот кај претседателот.
-По добивање официјално известување од страна на Собранието на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада на Република Македонија, претседателот Ѓорге Иванов ќе почне консултации со надлежните институции и политичките партии, претходно изјавија за МИА од кабинетот на претседателот Иванов.
Од Кабинетот велат дека со оглед на истекот на утврдениот рок во членот 90 од Уставот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија е должно да го извести Претседателот на Република Македонија, дали мандаторот има поднесено програма и предлог за состав на нова Влада.