Иванов: Бугарите во Уставот е непромислено инсистирање на бугарските националисти

by fokus

Со унилатералната изјава во однос на македонскиот јазик, Бугарија всушност измисли „вештачка формула“ со која се прави обид „да не се каже дека го признава македонскиот јазик“ и со тоа се создаде неверојатна бариера во односите меѓу двете земји, смета професорот на софискиот Нов бугарски универзитет, Михаил Иванов во интервју за БНР.

Според  Иванов, кој е и коосновач на Клубот за бугарско-македонско пријателство и некогашен советник за етнички прашања на поранешниот бугарски претседателот Жељу Желев, и барањето на Бугарија за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав претставува „непромислено инсистирање“ на бугарските националисти, бидејќи на тој начин се воспоставува јасна уставна етничка разлика меѓу Македонците и Бугарите.

– Тоа значи вклучување (на Бугарите) во Преамбулата заедно со македонскиот народ како посебна етничка заедница. Во Преамбулата се зборува за Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, како и за другите етнички заедници. Не случајно на ова се спротивставува водечката организација на Бугарите од Скопје и инсистира тоа да не се случи, вели Иванов.

Тој нагласува дека му е чудно што бугарските националисти на цел глас трубат дека Бугарите и Македонците се еден ист народ, а во исто време сакаат да воспостават јасна уставна и етничка разлика меѓу Македонците и Бугарите.

Поврзани новости