Ивана Трамп погребана во златен ковчег на имотот на Доналд Трамп во Њу Џерси

by Fokus

Ивана Трамп, поранешна сопруга на екс претседателот на САД, Доналд Трамп, е погребана во Њујорк, а набрзо потоа во јавноста излегоа и детали.

Првата сопруга на Доналд Трамп е погребана во златен ковчег, а покани за погребот се испраќале само на одреден број на личности, со цел да се избегне гужва.

Ќерката Иванка и синовите Доналд јуниор и Ерик одржале емотивни говори во црквата по што нејзиното тело во златен ковчег било превезено до имотот на Доналд Трамп во Њу Џерси.

Таму поранешниот американски претседател направил семејна гробница.

Ивана Трамп почина во четвртокот во нејзиниот дом во Њујорк. Според наодите на обдукцијата, смртта настапила по пад низ скали и заведена е како несреќен случај.

„Починала по тап удар во телото“, соопштија од ординацијата на патологот во Њујорк и додадоа дека повеќе нема да ја коментираат смртта на госпоѓа Трамп.

Поврзани новости