328
Ивана Гиновска од Куманово е официјално назначена за директор на Државниот инспекторат за животна средина.
Гиновска е родена во Скопје во 1989 година и има магистерска диплома по економски науки, со специјалност во маркетинг менаџмент.
Своето професионално искуство го започнала како банкарски службеник, а подоцна продолжила да работи во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, како и во ЈП „Куманово паркинг“.
Таа е член на Управниот одбор на заедничкото јавно претпријатие за управување со отпад „Еко Исток – Североисток“.