Триесетгодишниот Иван од Македонија, кој беше спасен по 20 часа борба со брановите на Халкидики, денеска си замина од болницата во Солун.
Грчките лекари оценија дека тој е во одлична состојба и може да патува со членовите на семејството за да се врати во својата земја. Според информациите на protothema.gr , неколку часа пред да биде отпуштен од болницата, бил лекуван поради тешка дехидрација.
-Сакам да се заблагодарам на сите што учествуваа во моето спасување и посебна благодарност до хеликоптерскиот тим и екипажот на чамците што ме собра. Беше страшно, не бев 18 часа, туку 20 часа во вода, изјави кратко Иван за грчките медиуми.
Иван беше спасен благодарение на топка која испловила во морето до него, и за која се држел до пристигнувањето на спасувачките служби.