Иван и Јана заполовија во брачните води: Со насмевка и интелигенција ме освои, раскажуваше Иванов

by Fokus

Пеперутките во стомакот не лажат, уште на почеток знаевме дека тоа е тоа. Таа ме освои со шарм, насмевка, ниво на промислување на работите, интелигенција. Работите течеа по природен пат – вака раскажуваше за љубовта со Јана Кочова, Иван, синот единец на пораншениот претседател Ѓорге Иванов, лани кога со јавноста ја сподели веста дека се верил.

Вчера пак, по околу четири месеци од веридбата, Иванов објави фотографии од венчавката со Јана. На нив може да се забележи дека свадбената свеченост се случувала во интимна атмосфера, и парот не откри повеќе детали околу настанот.

Инаку, Иван е универзитетски професор, поет и музичар. Лани во октомври ја промовираше својата збирка поезија ,,Невино време”.

Минатата недела беше гостин во ТВ емисија, каде ги сподели своите гледишта за актуелната состојба во земјава, за причините поради кои младите заминуваат во странство, за промената на името…

-Далеку од завршено е нашето прашање, ние допрва ќе се соочуваме со блокади, со непризнавање на нашиот идентитет, ќе се соочуваме со едни собитија кои посакуваат да не нема, но мора да сфатиме колку и да сакаат тие да учиме од лажна историја, на крај на ден, не може да се промени географијата.

Ќе мора да научиме дека имаме пријатели и во Бугарија и во Грција, има научници кои не ги гледаме на телевизија, кои ја знаат вистината и се согласуваат со тоа што го зборуваме ние, мора да сфатиме дека сакаме да живееме со нашите соседи, Балканот е прекрасно место за живеење – помеѓу другото раскажуваше Иванов.

 

Вики Клинчарова

Поврзани новости