Ива Стојковска до Груевски: СВЕТОТ ЗБОРИ ЗА ОЗОНСКИ ДУПКИ, А НИЕ ЗА ЌОСЕТО!

by fokus

 

Ива Стојковска, која што важи за една од најубавите ракометарки кај нас, револтирана од последните случувања пред ДИК, му порача на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски да ги собере луѓето од улица и да не ги мрзне повеќе, но и да го прекине лудилото со морбидни крстови и говори, кои што ги применуваат функционери на владеачката партија.

,, Морбидните крстови што ги носат, говорите и заканите на Бајрам, и на други истакнати функционери од владејачката партија, всушност и не се некакво големо изненадување, со оглед на фактот самиот нивни лидер на кампањата испраќаше пораки полни со омраза и гнев кон неговиот политички противник. Додека другиве држави дискутираат за озонски дупки и еко земјоделие, за обновлива енергија и запослување, кај нас се збори за Ќосето. Наместо да одиме напред, упорно се враќаме назад. Народот е навистина уморен од сите политички настани и тензии, од протести… Протестов,  ни повеќето од тие пред ДИК не знаат зошто е, дали не гледаа нас од Шарената револуција кога протестиравме со месеци, но нас не не земаа со автобуси  да ни делат сокчиња и ора да играме, ние се боревме со сите сили за слободна и сплотена Македонија. Протестираат против институцијата која треба да ти ја потврди победата во која веруваат дека ја имаат, ако се толку сигурни дека победата е фер и демократска, ќе бараат самите да се утврди тоа со комисија’’ – вели Стојковска која што е голем поддржувач на Шарената револуција и СДСМ, и покрај тоа што не била активен партиски член.

,,Не сум партиски член, но го поддржувам СДСМ и нивниот лидер. Сметам дека секој треба да одговара за се што направил, без разлика дали бил премиер, министер или на било која функција, правдата и законите треба да бидат исти за сите. Нека си ги собере Груевски луѓето од улица, мрзнат по цели ноќи, и онака малкумина  останавме во Македонија, нека си ја сноси одговорноста за се што слушнавме во бомбите и нека си одговара за тоа, а за Македонија има кој да се грижи. Јас му верувам на Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, и знам дека сме на прав пат со него. Нека продолжи како и до сега, има до него многу храбри како мене кои стојат гордо против режимот и се борат со сите сили да успеат. Не плашете се луѓе, нека се плашат тие што знаат дека се готови, дека е крај на оваа диктатура, дека доаѓа живот во оваа наша мила Македонија’’ – порача ракометарката која што со своите статуси на социјалните мрежи наменети против владејачката партија,често се наоѓа во центарот на вниманието.

Инаку, Ива до неодмана беше дел од ЖРК Вардар, но моментално поради повреда не игра. Покрај ракометот, таа е позната и како заштитно лице на повеќе модни брендови и има голем број на следбеници на Инстаграм, како поради убавината, така и поради искреноста и честите прозивки до Груевски.

Вики КЛИНЧАРОВА

Поврзани новости