Поради комбинацијата на силен ветер и високи температури во интервал од 35-40 Целзиусови степени во многу делови на Грција, денеска предупредувањето за пожар е подигнато на четврто ниво од максимални пет.
Во својот дневен билтен, Противпожарната служба објави предупредување за четврти степен на опасност од пожар во пет региони на Грција:
– Атика (вклучувајќи го и островот Китера)
– Западна Грција (вклучувајќи ги Ахаја и Илија на Пелопонез)
– Северен Егеј посебна внимателност се советува на островите Лезбос и Хиос и
– во континентална Грција (особено Виотија, Евија, Фокис и Фтиотида)
Предупредување од Ниво 4 значи ограничувања за палење растителни остатоци, грмушки или други остатоци, готвење на отворен оган, користење машини кои произведуваат искри и други слични активности кои ненамерно може да предизвикаат пожар.