Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати итен апел до сојузниците да обезбедат дополнителна воена помош во форма на американски системи за противвоздушна одбрана Патриот, откако Русија изврши повеќе од 1.000 воздушни напади врз Украина минатата недела.
„Потребна ни е силна поддршка од нашите партнери“, објави Зеленски на својот канал Телеграм и рече:
„Повеќе системи за воздушна одбрана „Патриот“ за Украина значи поголема заштита на животот“, рече тој.
Руските напади предизвикаа бројни жртви и десетици повредени, пренесе германската агенција ДПА.
Според Зеленски, Русија минатата недела ја нападна Украина со повеќе од 660 крстосувачки ракети, околу 550 беспилотни летала и речиси 60 проектили. Украинската противвоздушна одбрана собори 33 проектили, вклучително и балистичка ракета, како и повеќе од 300 беспилотни летала.
Zelensky calls for more air defence after 1,000 attacks in a week https://t.co/jOd1TRGW4v via @Yahoo
— Michael Eichert (@michaeleichert) January 20, 2025
Зеленски објави видео кое го прикажува пустошењето и уништувањето предизвикано од нападите, на пример во Киев и Запорожје за време на викендот, како и во регионот Донбас на истокот на земјата.
„Задачата да продолжиме да го штитиме нашиот воздушен простор продолжува“ рече тој и ги повика западните сојузници на Украина да обезбедат повеќе системи за противвоздушна одбрана.