88
Поранешниот играч на Јувентус, но многу попознат како фудбалски тренер – Антонио Конте наскоро ќе добие нова работа.
Овој 54-годишен италијански стручњак последен пат седна на клупата на англискиот премиерлигаш Тотенхем, а според медиумите од Апенините, тој од следната сезона ќе го преземе кормилото на трофејниот клуб Милан.
Англиските новинари тврдат дека тоа е желба и на Конте, а наводно еден од главните „преговарачи“ со управата на Милан околу овој трансфер бил легендарниот ас на Росонерите – Златан Ибрахимовиќ.
Конте во текот на својата тренерска кариера ги водеше екипите на Арецо, Бари, Аталанта, Сиена, Јувентус, Интер, а покрај тоа од 2014 до 2016 година беше селектор на италијанската фудбалска репрезентација.