Италијанци силувале девојчиња на возраст од 10 и 12 години, еден сето тоа го пренесувал во живо

by Fokus

Италијанската полиција вчера уапси девет млади мажи поврзани со групното силување на две девојчиња на возраст од 10 и 12 години во градот Каивано, во близина на Неапол.

Веста за силувањето на девојките, кои се братучетки, ја шокираше Италија.

Силувањето се случило во јули, а девојките наводно неколкупати биле силувани од група мажи. Засега не се познати дополнителни информации за тоа како девојките се поврзани со напаѓачите, ниту пак има детали за идентитетот на напаѓачите.

Еден од деветте уапсени снимил едно од силувањата и го пренесувал во живо, изјави судијата за малолетници од Неапол во налогот за апсење.

Седум малолетници и двајца полнолетни тинејџери се приведени или подложени на други „претпазливи мерки“, соопшти обвинителот.

Истражниот судија Умберто Лукарели рече дека осомничените „брутално ја искористиле слабоста и возраста на нивните жртви, уверени дека нема да бидат пријавени поради срам и закана од дистрибуција на видеа за силување“.

Поврзани новости