Италијанско село им забрани на жителите сериозно да се разболат

by Fokus

Италијанското село Калабрезе Белкастро им забрани на своите жители тешки болести поради непостоечки здравствени услуги, пишува Би-Би-Си.

На жителите на Белкастро им е „наредено да избегнуваат какви било болести за кои е потребна итна медицинска помош“, според декретот на градоначалникот Антонио Торчија.

Торчија нагласи дека овој потег е „очигледно хумористична провокација“, но дека има поголема резонанца од писмата што тој ги испрати до регионалните власти во кои предупредуваше за проблемите на локалниот здравствен систем.

Околу половина од 1.200 жители на Белкастро се постари од 65 години, најблиската здравствена установа е оддалечена повеќе од 45 километри, а патот до неа е со граница од 30 километри на час, рече градоначалникот.

Докторот кој пристигнува во селото на повик е достапен само спорадично и не работи за викенд, за празници или надвор од работното време, пренесува Хина.

Како дел од уредбата, на жителите им беше наложено да не се однесуваат на „начин што може да биде штетен, за да се избегнат несреќи дома“ и „да не го напуштаат домот премногу често, да не патуваат, да не спортуваат и наместо тоа да се одмораат, најчесто“, пренесува Би-Би-Си.

Белкастро се наоѓа во јужниот регион на Калабрија, еден од најсиромашните во Италија.

Лошото политичко управување и мафијата го уништија тамошниот здравствен систем, кој пред 15 години беше ставен под посебна контрола на централната власт. Осумнаесет болници во тој регион се затворени од 2009 година.

Поврзани новости