Италијанските медиуми по новата катастрофа на фудбалерите: Станавме второкласна репрезентација

by irena 16:01
16:01

Италијанските медиуми остро ја критикуваа својата репрезентација откако „аѕурите“ не успеаја да се квалификуваат на Светското првенство по третпат по ред, овој пат по натпреварот против Босна и Херцеговина.

„Нов неуспех за Италија, која стана второкласна репрезентација“, беше насловот на „Спортмедиасет“.

„Ова е трето Светско првенство по ред без Италија, четврто во историјата. Италијанската фудбалска репрезентација со тоа постави тажен рекорд: освои четири титули светски шампиони, но не успеа да учествува на пет првенства. Ова никогаш не ѝ се случило на ниту една друга голема светска репрезентација“, се наведува во текстот на друг медиум.

„Италијански кошмар! Босна помина по пенали, а „Аѕурите“ го пропуштаат третото Светско првенство по ред“, истакнува РАИ во насловот.

Сепак, најинтересната анализа ја објави италијанскиот „Еуроспорт“, во кој се наведени пет причини зошто Италија доживеа уште еден голем неуспех.

„Сите го мислевме тоа. Некои го кажаа со стискање на забите, други отворено го изразија своето незадоволство. И ова е исто така тажна реалност: Италија, оваа Италија, не можеше да си дозволи да слави, бидејќи ја доби Босна и Херцеговина наместо Велс за противник. Прославата на Ди Марко ни помина преку глава…“, се наведува во текстот како трета причина.

Јасно е дека овој неуспех ќе им наштети на Италијанците долго време, а останува да се види какви последици ќе има за тренерскиот штаб, особено откако Џенаро Гатузо во октомври минатата година изјави дека ќе ја напушти селекторската позиција ако не ја предводи Италија на Светското првенство.

Слични вести