513
Мојот фејсбук-профил е хакиран. Уште од 9 август се отворени неколку лажни профили. Ниту еден од новите профили не е мој. Тоа е стапица. Некој се обидува да ги лови противниците на Владата, вели во изјавата за МКД.мк Ларис Гајзер, новинар на италијанскиот весник „Ла верита” каде што беа објавени неколку видео и аудио снимки од случајот „Рекет” во Македонија.
-Се работи за класична стапица со која македонските власти се обидуваат полесно да дојдат до имињата на нејзините противници, на луѓето од опозицијата. Се работи за неколку лажни профили преку кои македонскиот премиер Зоран Заев сака полесно да дојде до некаква листа со имиња, вели Гајзер.