652
Околу 30 лекари и медицински сестри од Италија ќе помагаат во словенечките болници кои се преполни по четвртиот бран на пандемијата на Ковид-19 којшто ја зафати оваа земја.
Договорот за доаѓање на медицинскиот тим од италијанската армија во словенечките болници за коронавирус е постигнат во средата на средба меѓу словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин и неговиот италијански колега Лоренцо Гуерини.
Болниците речиси го достигнаа максималниот капацитет во последните денови по големиот пораст на бројот на заразени со коронавирус кој се движи над 3000.