Италијански фудбалер е осуден на доживотен затвор за бруталното убиство на екс девојката

by Fokus

Екс италијанскиот фудбалер и модел – Џовани Падовани (28) е осуден на доживотен затвор затоа што до смрт ја претепал својата поранешна девојка Алесандра Матеци (56).
Падовани, како што пишуваат италијанските медиуми, ja убил Матеци со чекан пред нејзината куќа на 23 август 2022 година. Тоа го направил откако бил пријавен за нејзино следење.


Непосредно пред нападот на Падовани, Матеци разговарала со нејзината сестра Стефанија, која ги слушнала нејзините врисоци. Покрај чеканот, Падовани користел и безбол палка и клупа, кои ги зел од блиската градина.

Падовани и Матеци биле заедно една година, а во 2022 година имале жестока расправија при што Падовани ја искршил куќата.

После тоа раскинале, но Падовани ја „бомбардирал“ со повици и пораки.

Падовани настапуваше за нисколигашот Санкаталдес, како дефанзивец.

Поврзани новости