326
Италијански државјанин бил најден претепан на подрачјето на Бит Пазар, информираат од скопската полиција.
Вчера (22.11.2023) во 02.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, од Итна медицинска помош било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар со повреди бил пронајден Ф.Р.(23) од Италија.
Според пријавеното, тој на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица, откако претходно влегол во нивното возило.
Како што е пријавено, при нападот тие употребиле и остар предмет. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.