413
Невработен 26-годишен маж е уапсен поради смртни закани кон премиерката на Италија, Џорџа Мелони и нејзината шестгодишна ќерка, соопшти денеска полицијата.
Тој бил незадоволен од плановите на италијанската влада за намалување на субвенциите за невработените.
Сицилијанецот е под истрага поради закани преку Интернет, неговата куќа е претресена, а неговиот профил на Твитер е укинат, се вели во соопштението на полицијата.