Италијанската полиција трага по двајца Албанци кои подготвувале терористички напад

by fokus

Италијанските власти трагаат по двајца албански државјани, Бардул Хоџа и Бујар Хиса, кои се сметаат за опасни по националната безбедност на земјата.

Според албанските медуми тие се осомничени дека подготвувале терористички напад во Италија сличен на оној во театарот Батаклан во Франција, во ноември 2015 година, кога беа убиени 130 а повредени повеќе од 350 лица.

-Веста ја објавија италијанските медиуми кои откриле таен документ на антитерористичките сили и веднаш почнале со потрага низ целата италијанска територија по двајцата Албанци осомничени како терористи, наведува телевизијата Ора њуз.

Албанскот државјанин Бардул Хоџа(46) е познат по псевдонимот Батар Набијула или Максимилијан Дефилад, додека за Бујар Хиса не е позната возраста и се претпоставува дека има од 40 до 48 години.

Италијанските власти ги заостриле контролите низ целата територија на Италија.

Поврзани новости