482
Министерот за здравство Беким Сали вели дека италијанската компанија за раскинување на договорот за изградба на нов Клинички центар во Скопје бара оштета во износ од околу осум милиони евра.
– Имаме еден документ кој што е побарување од осум милиони евра, за кој што исто така, немаме одговор од истата компанија која што го доби тендерот и беше поништен. На нашето барање за состанок за условно кажано за докажување на долгот, колку е за кој дел и зошто го бара тој износ, не сме имале никаков одговор, рече Сали денеска, по потпишувањето на Правилникот за функционална проценка на деца и млади со попреченост во Владата.