Италијанската полиција денеска уапси постара жена во градот Виареџо во централна Италија, откако со теренско возило повеќепати прегазила мигрант кој со нож и ја украл чантата.
Синсија дал Пино е осомничен за убиство со умисла, соопшти полицијата, објави весникот Насион.
Бездомник од Алжир, Саид Малкун (47), кој работел како чувар на паркинг, украл торба од 65-годишна жена. Италијанските медиуми наведуваат дека станува збор за деловна жена од Виљареџо, која по нападот влегла во својот џип и го бркала напаѓачот, без да го пријави случајот во полиција.
Кога го видела како оди со чантата во рака, стиснала на гас и го удрила, а потоа неколку пати го прегазила со автомобилот.
После тоа, таа мирно излегла од автомобилот, ја зела украдената чанта и се оддалечила, покажале снимките од надзорните камери. Од повредите мажот починал на лице место, а полицијата на снимката брзо го утврдила идентитетот на убиецот.