Италијанка (22) починала при операција, семејството упаднало во болница и ги нападнало лекарите

by Fokus

Дваесет и двегодишна жена од Италија почина за време на итна операција во болница во Фоџа, по што најмалку 20 членови на семејството и пријатели нападнаа хирурзи и медицински персонал на Одделот за торакална хирургија, објавија локалните медиуми.

Еден од хирурзите бил удрен неколку пати во лицето, му била повредена вилицата, а неговиот колега паднал на земја во толпата и бил удрен со клоци и тупаници од напаѓачите. Трет лекар бил згмечен од врата и му ја скршиле раката додека се обидувал да побегне од семејството на починатата млада жена.

Локалните медиуми јавуваат дека 22-годишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во јуни додека возела електричен велосипед. По несреќата, таа од Церињоле била пренесена во поликлиниката во Фоџа, каде била на одделението за интензивна нега.

Операцијата на душникот требало да биде извршена во специјализиран центар во Рим, но бидејќи станала итна, била извршена во Фоџа и завршила со смрт, по што семејството итно се упатило во болница.

Истрагата за случајот е започната и се добиваат лекарските досиеја на младата жена со цел расветлување на она што се случило. Лекарските синдикати и управата на болницата остро го осудија насилството врз медицинскиот персонал.

Сестрата на починатата девојка, Татјана Пуљиезе, по нападот на Фејсбук објави дека 23-годишната девојка починала на 4 септември при операција по сообраќајна несреќа што се случила во јуни.

Татјана не го негира нападот кој се случил откако семејството дознало за смртта на Наташа. Таа вели дека е сигурна дека се се случило поради грешки и лошо медицинско менаџирање на случајот. Во долга објава Татјана пишува дека е убедена дека лекарите се одговорни за смртта на нејзината сестра.

Наташа е во болница од 19 јуни, откако настрада во сообраќајна несреќа. Според зборовите на нејзината сестра, девојчето со хеликоптер било однесено во Фоџа. Прво беше на интензивна нега, оперирани три пршлени, трахеотомија за да може да дише со помош на вентилатор, а во кома остана 16 дена. Кога излегла од кома, била префрлена на неврохирургија и започнала со рехабилитација на 16 јули.

Според Татјана, девојчето се опоравило, но морало да оди на втора операција на трахеата за да се санираат последиците од трахеотомијата.

Трахеотомијата е вештачко создавање на отвор во душникот, стандардна процедура со многу малку компликации.

Операцијата требаше да биде извршена во Рим „бидејќи болницата во Фоџа, како што ни беше кажано, не е специјализирана за таа операција“, напишала сестрата.

Покренати се две истраги

Во средата, на 4 септември, Наташа му испратила порака на семејството дека мора да оди на преглед. Од тој момент, според нејзината сестра, ситуацијата продолжила да се влошува до нејзината смрт.

И јас умрев со неа, никогаш нема да го прифатам сето ова и никогаш нема да простам“, пишува Татјанина.

Сега се чекаат резултатите од обдукцијата. Обвинителството на Фоџа отвори две истраги: едната за смртта на една млада жена, другата за напад на здравствените работници.

Поврзани новости