Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон

by irena 18:59
18:59

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон.


На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на целта стигна 17-годишниот Македонец, Петар Цеков, во чии раце отиде бронзениот медал.

На патеката „Климе Савин“, долга 25 километри од Свети Наум до Охридското пристаниште, годинава се натпреваруваа 16 пливачи од осум држави: 11 во машка и 5 во женска конкуренција, меѓу кои четворица македонски натпреварувачи.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории.

Слични вести