Италија замрзна имот на руски олигарси во вредност од 140 милиони евра

by Fokus

Италијанската влада објави дека вредноста на замрзнатите средства на руските олигарси во Италија досега е околу 140 милиони евра, вклучувајќи и запленети јахти.

Најзначајно е запленувањето на јахтата „Лејди М“, вредна 65 милиони евра, во сопственост на Алексеј Мордашов, руски олигарх близок на Владимир Путин, кој е цел на санкциите на Европската унија откако Москва ја нападна Украина, пренесе „Ал Џезира“.

Втората јахта, „Лена“, вредна околу 50 милиони евра, е во сопственост на Генадиј Тимченко, милијардер и ко-основач на „Гунвор“, трговска компанија која исто така беше запленета.

Запленети се и имот во вредност од најмалку 17 милиони евра во сопственост на рускиот милијардер Алишер Усманов.

Во соопштението на италијанската влада се наведува дека е запленет и недвижен имот во сопственост на две лица блиски до руските власти, во вкупна вредност од околу 11 милиони евра.

Европските санкции се насочени кон повеќе од 500 физички или правни лица од Русија, чии средства и економски ресурси мора постепено да се замрзнуваат додека европските земји не успеат да ги лоцираат и да ги поврзат со нивните сопственици.

Поврзани новости