Италијанскиот Парламент денеска, во петти обид, ќе се ангажира да избере нов претседател.
Премиерот Марио Драги се уште е кандидат за претседател, но неговите изгледи се избледени оваа недела бидејќи многу пратеници не сакаат да го поддржат, стравувајќи дека каква било промена на владата може да предизвика предвремени избори.
Матео Салвини, лидер на десничарската Лига, им рече на новинарите дека пред гласањето ќе им предложи на партиите на левиот центар неколку непартиски фигури кои имаат углед и на домашно и на меѓународно ниво. – Убеден сум дека утре ќе биде победнички ден, рече тој синоќа.
Поранешниот премиер Матео Ренци, кој ја предводи центристичката партија Италија Вива, исто така рече дека очекува денеска да биде избран претседателот на државата.
Околу илјада членови на двата дома на парламентот – Претставничкиот дом и Сенатот – и претставници на регионите и автономните покраини почнаа да гласаат во понеделникот попладне за избор на наследник на Серџо Матарела.
Покрај Драги и Матарела, кандидати за претседател се Елизабета Белони, дипломат од кариера која раководи со тајните служби, Сабино Касезе, 68-годишна поранешна судијка на Уставниот суд.