656
Италијанската Влада размислува за продолжување на вонредната состојба во услови на пандемија на корона вирус до 31 јануари, објавија „Ил Месагеро“ и „Кориере дела Сера“.
Како што пренесуваат медиумите, сегашните мерки се очекува да бидат продолжени поради зголемениот број заразени со Ковид-19 на национално и глобално ниво.
Италија ја воведе шестмесечната национална вонредна состојба во јануари, а подоцна ја продолжи од јули до крајот на октомври.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте неодамна изјави дека земјата ќе се соочи со уште една блокада за да се ограничи пандемијата и дека владата ќе преземе други ограничувања.