614
Италијанската Влада прогласи вонредна состојба до крајот на годината за да се справи со очекуваниот прилив на бегалци од Украина, одлучи денеска Советот на министри во Рим.
Со таквиот потег Владата може да преземе итни мерки во одредени случаи без претходни консултации во Парламентот.
По руската инвазија врз Украина, Италија, каде живее голема украинска заедница која се проценува на околу 250.000 луѓе, се подготвува да прими многу бегалци.
Владата, исто така, стави на располагање 10 милиони евра (11,2 милиони американски долари) за организирање на пристигнувањето на бегалците.