Во Италија за еден ден се регистрирани 347 смртни случаи од Ковид-19, и речиси 21.000 новозаразени, а процентот на заразени во однос на бројот на тестирани се зголемува и изнесува 5,8 проценти, јавија локалните медиуми.
Гвидо Бертоласо, советник на претседателот на регионот Ломбардија, тврди дека Италија со големи чекори се приближува до нов карантин.
Централната власт засега ја отфрла таквата можност и наместо да ја затвори целата национална територија, применува локални мерки.
Претседателите на одредени региони сами ги заоструваат антиковид мерките.
Болоња и Модена, во регионот Емилија-Ромања, ќе бидат ставени во карантин во следните неколку часа.
Според локалните медиуми, ситуацијата во овие градови се повеќе потсетува на почетокот на пандемијата, пред една година, а болничките кревети брзо се полнат со заразени.