Италијанската агенција за лекови (АИФА) одобри употреба на трета доза од вакцините против коронавирусот за граѓаните од ранливите категории како лица со слаб имунитет.
Агенцијата одобри таканаречена засилувачка доза за оние кои ќе создада послаба заштита од двете дози, како што се луѓето со ослабен имунитет и лицата над 80 години.
Третата доза е одобрена и за здравствените работници кои често се изложени на вирусот.
Третата доза треба да се даде најмалку шест месеци по втората доза за сите групи, освен имунокомпромитираните на кои треба да им се даде по 28 дена, како што препорача АИФА.
Одобрувањето сега ќе биде проследено до Министерството за здравство, кое треба да го потврди во наредните денови.
Европската агенција за лекови (ЕМА), претходно објави дека врши проценка за употребата на засилувачката доза против коронавирусот и дали таа може да се даде шест месеци по втората.
Светската здравствена организација (СЗО) повика на мораториум на зголемените дози барем до крајот на септември, со цел да им се остават на располагање повеќе вакцини на луѓето во земјите со слаб пристап до вакцината.