Италијанската Влада донесе декрет со кој од 3 јуни се овозможува граѓаните да патуваат и да доаѓаат од странство. Со декретот, исто така, од истиот датум се овозможува слободно движење низ Италија, пренесуваат британските медиуми.
Рестриктивните карантински мерки низ целата земја беа воведени на почетокот на март, откако Италија стана првата земја надвор од Азија која имаше пандемија на корона вирусот.
Италија има најголем број смртни случаи, по САД и Велика Британија, со 31.000 жртви на корона вирусот.
Владата на премиерот Џузепе Конте се залага за постепено отворање на земјата, по намалувањето на бројот на заразени и умрени од ефектите на корона вирусот.
Во економските сектори што почнаа со работа, како фабриките и претпријатијата, постојат мерки за социјално растојание, училиштата се уште се затворени, а на голем број луѓе се уште не им е дозволено да се собираат. Сепак од утре на граѓаните ќе им биде дозволено да присуствуваат на миси во црквите, со почитување на одредени рестриктивни мерки, потсетуваат американските медиуми.