Италија најави затворање на сите училишта и универзитети во обид да го спречи ширењето на новиот корона вирус, откако бројот на починати од таа болест се искачи на 79.
Италијанската Влада нареди училниците низ целата земја да се затворат до средината на март, јави новинската агенција АНСА.
Училиштата и универзитетите во најтешко погодените региони во северна Италија, каде неколку градови се ставени во карантин, затворени се уште пред 10 дена. Но оттогаш заразата се прошири речиси низ цел Италија, при што инфицирани се повеќе од 2.500 луѓе.
Италијанскиот министер за спорт изјави дека сите фудбалски натпревари во Серија А, најверојатно, ќе се играат зад затворени врати во текот на следниот месец, во обид да се запре епидемијата.
– Одиме натаму, изјави пред министерот за спорт, Винченцо Спадафора, одговарајќи на прашањето дали Владата планира да забрани присуство на навивачите на трибините за време на фудбалските натпревари.