Италија планира да формира инвестициски фонд со почетна инвестиција од 1,09 милијарди евра за промоција на проекти поврзани со вештачката интелигенција (АИ), изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Овој фонд би можел да собере уште две милијарди евра од приватниот сектор со помош на националниот инвестициски фонд „Venture Capital“, кој е дел од Банката за развој на Италија (CDP), пренесува Reuters.
Италија сака да го искористи своето претседавање со Г7 оваа година за да се фокусира на влијанието на вештачката интелигенција врз работните места и нееднаквоста, како и да ги постави темелите за развој на технологијата.
„Убедени сме дека тоа може и мора да биде патот на Италија кон вештачката интелигенција“, рече Мелони и додаде дека владата работи на закон кој ќе ја регулира оваа област, пренесува Танјуг.
Потсекретарот на Кабинетот на министри Алесио Бути истакна дека Рим ќе формира надзорно тело кое ќе го поддржи спроведувањето на националната стратегија за вештачка интелигенција.